Алијанса на Села ја поддржа кандидатурата на Зули Демири за градоначалник на Врапчиште

Алијанса за Албанците на Зијадин Села соопшти дека ја поддржува кандидатурата на Зули Демири за градоначалник на Општина Врапчиште на повторните избори кои ќе се одржат на 11 јануари.

„Подготвеноста и вештините докажани досега, како добро оформена личност, лојален и вреден човек, успешен менаџер во одговорностите што ги носеше досега, убедени сме дека тој ќе се справи со оваа нова задача со истата посветеност и успех“, соопштија од партијата на Села.

Тој апелира до членовите на Алијансата за Албанците, поддржувачите и сите граѓани масовно да се мобилизираат и да го поддржат човекот кој, како што се наведува во соопштението, со работа и чесност веќе докажа дека е најдобриот избор за управување со Општина Врапчиште.

Back to top button
Close