Алијанса на Села најави Конгрес со амбиција да стане најсилна партија во земјава

Алијанса на Албанците предводена од Зијадин Села во првата половина на 2026 година ќе одржи партиски конгрес.
Како што велат од таму, Собранието ја формираше и Централната комисија за организација на Конгресот, која ќе ја води пратеничката Илире Даути.
Оваа комисија ќе има задача да организира и реструктуирање на подограноците, ограноците и другите тела на партијата до одржувањето на Конгресот.
Воедно, на состанокот бил презентиран и извештајот за последните локални избори, а било дискутирано и за политичката состојба во земјата.
„Со овие одлуки, Алијансата за Албанците започнува со реорганизација и зајакнување на партиските структури, за враќање на партијата во најголема политичка сила на Албанците во земјата, преку развивање на нејзината идеологија, програма и политичка визија“, се наведува во соопштението од АА на Села.
Извор: fokus.mk






