Алијанса на Таравари вечерва одржува средба со членството во Куманово


Расколот во Алијанса ја подели партијата на два дела, Алијанска предводена од претседателот на партијата Арбен Таравари и Алијанса која дава поддршка на политиките на екс претседателот Зијадин Села.

Претходните шпекулации за длабока поделеност во партијата излегоа на виделина откако двајцата сопартијци влегоа во отворена медиумска војна.

Изминатиот период секојдневно се „пеглаа“ разликите меѓу двете страни за тоа кој е исправниот пат по кој треба да се движи партијата, дали на престојните избори да и се приклучи на албанската опозиција, или да настапува самостојно.

Одлуката на Таравари да собира потписи за поддршка на неговиот став го разлути Села кој пак обвини дека со тоа се врши кршење на статутот на парламентарниот субјект.

За утре повика централен одбор накој рече дека ќе се бара одговорност и разрешување на актуелниот претседател.

Но Таравари го претрка и за денеска во Куманово го повика членството за да ја потврди поддршката за неговата одлука.

Back to top button
Close