Алијанса очекува на списокот на Агелер да се најдат инволвираните од аферата „Маџар Телеком

Откако американската амбасадорка Анџела Агелер објави дека во земјава пристигнал тим за санкции од Вашингтон за поагресивен поглед на поранешни и актуелни корумпирани актери, со првична реакција се јави опозициската Алијанса за Албанците (АА) која очекува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни политичари како и инволвираните во аферата „Маѓар Телеком“.

„Очекуваме на списокот да се додадат и други корумпирани актери коишто се сè уште политички активни и недопирливи за правдата во државата бидејќи токму тие ги контролираат судиите и обвинителите. За почеток, новата листа логично треба да ги содржи имињата на политичарите инволвираните во случајот ‘Маѓар Телеком’ против кои Комисијата на американската берза донесе полноправно кривично решение“,
велат од АА.

Back to top button
Close