Алијанса за Албанците бара одговороност од коалицијата „Можеме“ за загрозување на здравјето на граѓаните

Соопштение на АА

Како прво, како и секој граѓанин на нашата земја, се чувствуваме огорчени од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и ја започнаа кампањата пред време, туку и го загрозија здравјето на стотици граѓани!

Ова неодговорно однесување на претставниците на коалицијата „Можеме“ не смее да помине во тишина и без заслужената казна.

Додека граѓаните ги почитуваат мерките за заштита од вирусот, истиот за жал им се сервира од оваа коалиција како резултат на нивната неодговорност. Со оглед на тоа дека најголемата партија на оваа коалиција е во владата, а истата е таа што одлучува за мерките и казните на граѓаните, сметаме дека е дискриминација кон граѓаните да го поминат овој скандал во тишина.

Бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè, Алијанса за Албанците бара одговорност за таквото однесување. Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата „Можеме“ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и ризикот во кој ги изложи граѓаните.

Жално е што цената на овие однесувања граѓаните мора да ги плаќаат со своето здравје!

Back to top button
Close