Алијанса за Албанците: Финансиската поддршка за бизнисите да се користи за точно дефинирани цели

 

Финансиската поддршка за бизнисите да се користи за точно дефинирани цели

Драги претставници на медиуми, драги граѓани, драга деловна заедница!

Веќе знаете дека иако владата троши повеќе енергија на толкување отколку на содржината на мерките и помошта што можат да им ја дадат на граѓаните и деловните субјекти, многу е нормално дека празнините се очигледни.

Во овој поглед, не само бројот на претпријатија што се здобиле со правото на финансиска поддршка за исплата на плата во износ од 14.500 денари е само 24% од вкупниот број на мали и средни микро претпријатија во нашата земја, туку и тие што добија поддршка не можат да го користат истото за својата намена. Ова се случува затоа што парите за финансиска поддршка им беа издадени на многу деловни субјекти во сметки што не ги користеле долго време, во овој случај тие акумулирале долг во име на банкарската провизија. Поради оваа небрежност при трансферот на средства, многу семејни бизниси беа уште повеќе оштетени затоа што наместо со тие пари да ги исплатат платите, тие завршија за исплаќање на банкарската провизија.

Секако, мора да се почитува принципот на ликвидност, но во ова време кога многу семејни бизниси ризикуваат да го прекинат нивниот бизнис, сметаме дека треба да има толеранција и разбирање.

Врз основа на ваквата небрежност, Алијансата за Албанците апелира до владата, во пресрет на апликацијата за иста мерка за месец мај, што сега на почетокот на јуни се очекува апликациите да се прават, владата да биде претпазлива во детали кои за последица го имаат разрешувањето на работниците или дури и затворање на многу семејни бизниси. Поточно, ние бараме во формуларите за аплицирање компаниите да имаат можност сами да избираат на кој начин да бидат префрлени финансиските средства од владините мерки.

Бидејќи Алијансата за Албанците реагираше на апликациите за април за нивно одложување на крајниот рок за пријавување и Управата за јавни приходи премолчено го прифати овој предлог, повикуваме повторно да се разгледа нашето барање, за поддршката за бизнисите, иако не е доволна, може да се користи за прецизно дефинирани цели.

 

___________________________________________________________

Back to top button
Close