Алијанса за Албанците: Не може да има слободни избори со ДУИ на власт
По барањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ за брзи предвремени парламентарни избори, со реакција од Алијанса за Албанците:
Ние цениме дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт.
Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори.
Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат