Алијанса за Албанците останува во Влада без оглед на исходот на законот за амнестија
Алијанса за Албанците останува во Владата без оглед на исходот на законот за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога. Лога во изјава за „Слободен печат“ вели дека како ќе гласаат пратениците е загарантирано со Устав, по информациите дека пратеничката група на СДСМ ќе гласа против потребата од носење на законот за амнестија.
Владата продолжува со полн капацитет да се справува со сите предизвици до крај. Како ќе гласаат пратениците е загарантирано со Устав – ни изјави Лога.
Според информации од пратеници од СДСМ, тие ќе гласаат против законот за амнестија. Дали најавата ќе се потврди ќе зависи од координацијата која пратеничката група ќе ја има пред почетокот на собраниската седница на која на дневен ред е предлог законот за амнестија.
Како што претходно објави „Слободен печат“, пратениците на СДСМ од старт имаа отпор за законот за амнестија иако првично премиерот и лидер на партијата Димитар Ковачевски го поддржа законот. По информацијата на „Слободен печат“ дека со амнестија ќе бидат опфатени и помагачите во „Монструм“ Хаки и Фејзи Азири, прво Ковачевски најави амнадманса интервенција на законот во тој дел, а завчера тоа го потврди и заменик министерката за правда Викторија, Аврамовска Мадиќ.