Алијансата на албанците бара од спомен плочата на Мајка Тереза дa се отстрани името на донаторот

Соопштение на Алијанса на Албанците:

Името и делото на Мајка Тереза, освен најголемата добиена награда како Нобеловта Награда за мир, потоа светица на Ватикан, ја направи позната и блиска со милиони луѓе во светот, особено со сиромашните на кои им помагаше, ќе се запамти како жена која целиот нејзин живот му ги посвети на љубовта и добрина кон луѓето.

 

Албанците се чувствуваат многу горди што имале сонародничка како нејзе, но за жал не направиле скоро ништо за неговата личност, во споредба со нејзиното дело, како мост за препознавање на нашта нација низ светот, како благодарен и мирољубив народ. Тоа што ние го правиме за да го цениме нејзиниот труд, уште е на симболично ниво и никако да се крене на високо ниво, односно институцинално ниво за почит на нејзината личност, и нејзините вредности.

Во врска со инагурација на апоменикот на локацијата на куќата на Мајка Тереза, стојат 3 натписи, од кои: едниот македонаки, врежано во плакетата, во средина англиски и на крај на албански, но не врежани во плакетата како и на македонски.

Покрај името на Мајка Тереза, се напишани и имињата на спонзорите на плакетата. Цениме дека имињата на спонзорите не оди заедно со името на Гонџа Бојаџиу, бидејќи тоа е должност на самата држава да ја почитува Мајка тереза и нејзиниот јазик, а не партиски протагонисти.

Исто така, тажно е што во близина на споменикот на Мајка Тереза стојат споменици од Скопје 2014, чиј спонзор е државата, а кај нејзиниот споменик како спонзор стојат  приватни партиски луѓе. Ова не доликува на нејзиниот спомен и е неправилно и неправедно. Бараме од Град Скопје, Министерство за култура на Северна Македонија, но и од Институтот за културно и духовно наследсто на албанците, како бранител на името на Мајка Тереза, да се исправи ова непростлива грешка, и да се избрише името на Зам. Градоначалникот на Град Скопје од плакетата на Мајка Тереза, бидејќи тој не е Институција, туку приватен граѓанин.

Back to top button
Close