Алијансата потврди изборна коалиција со Беса против ДУИ

Алијанса за Албанците вечерва преку соопштение на некој начин ја официјализираше соработката со Беса за вториот круг од локалните избори.

-Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ.
Го поздравуваме повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и го повторуваме нашиот конзистентен став дека нашите членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.
Во исто време продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и создадеме ново парламентарно мнозинство, порачаа од Алијанса.

 

Back to top button
Close