Алили: Во дебарската болница има потреба за зајакнување на лекарските екипи со инфектолог и пулмолог

За само неколку дена во Дебар се регистрирани 30 болни од Корона вирус, од кои завчера 18 додека вчера само 1. Но, во општата болница во Дебар видно се зголемува бројот на болни со симтоми на Корона вирус изјави директорот на болницата Баки Алили.

Според Алили, одредени се две простории од кои едната е за здраствен третман на лицата кои веќе се болни од вирусот Ковид 19, додека другата е просторија во која се дава здраствен третман на болни кои имаат нагласени симтоми на вирусот Ковид 19.

Во дебарската болница има потреба за зајакнување на лекарските екипи со инфектолог и пулмолог изјави за „Либертас“ директорот на болницата Баки Алили и информираше дека веќе е пристигната соодветна опрема во машини и 20 кревети, кои се донирани од страна на министерството за здравство.

Вчера бројот на лицата во изолација изнесува над 55 вели епидемиологот Ментор Мела кој уште еднаш ја изнесе стручната оценка дека рапидното зголемување на бројот на болни од Ковид 19 е поради непочитување на мерките на владата, особено неносењето на маски и непочитување на протоколите од дел на угостителските објекти. Инаку во Дебар во организација на општината денеска продолжи дезинфекцијата на повеќе населби .

 

К. М.

Back to top button
Close