Алити: Најавите на АА за радикализација на политичкото делување е дефокусирање од внатрепартиското незадоволство

Опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците (АA) и Движењето Беса, покрај инсистирањето на предвремени парламентарни избори, најавуват и радикализација на нивното политичко, како што велат, демократско делување во Собранието, но и на улиците со протести. Од друга страна, двете опозициски партии на Албанците на почетокот на март имаат свои партиски конгреси. Внатрепартиско незадоволство има и кај двете партии и може да кулминира со поделби. Незадоволството кај доаѓа поради лошите резултати на последните локални избори, но и поради доаѓањето на Фатмир Лимани, внук на Али Ахмети и човек близок до таканаречената група на „огнот“ предводена од Муса Џафери. Некои функционери и членови на двете партии веќе ги напуштија редовите на АА и Движењето Беса.

Генералниот секретар на АА, Арбен Таравари изјави дека опозицијата има стратегија и дека по партискиот конгрес ќе бидат построги во нивното делување.

– Дефинитивно ќе излеземе на улица. Конгресот ќе се одржи по 27 март. Имаме стратегија како ќе постапиме како опозиција, ќе бидеме многу поостри, многу погруби, многу поагресивни, па правдата ќе ја бараме по секоја цена, изјави Таравари, нагласувајќи го уште еднаш барањето на оваа партија за предвремени парламентарни избори.

Политичкиот аналитичар Фатон Алити сметам дека најавите за радикализација на политичкото делување е дефокусирање од внатрепартиското незадоволство кое е евидентно во пресрет на организирањето на конгресите.

– Мислам и дека постои реална можност за негативна реакција од граѓаните, бидејќи радикализацијата во време на енергетска и здравствена криза и во време на рехабилитација на спорот со Бугарија може да се чита како слепо следење на агенди кои немаат врска со државни и национални интереси, изјави Алити за „Слободен печат“.

Back to top button
Close