Алиу: За шест од десет контролирани компании за медицинска марихуана е почната постапка за одземање на лиценците

Најмалку шест од вкупно десет досега процесирани компании за одгледување медицинска марихуана се наоѓаат во постапка за одземање на лиценците за работа. Ова го сподели министерот за здравство Азир Алиу во изјава за телевизија Телма, појаснувајќи дека овие субјекти не ги исполнуваат законски предвидените услови за вршење на дејноста.
Оваа ригорозна мерка следува во период на засилени вонредни контроли на сите над 40 компании во државата кои поседуваат вакви лиценци. Владата ја иницираше оваа опсежна акција како директен одговор на неодамнешната голема заплена на четириесетина тони нелегално складирана и третирана марихуана.






