Алкалоид, додека ја чека разрвската со финалето во ЕХФ купот, запиша нов триумф во Суперлигата

Додека се чека официјалната одлука од ЕХФ околу евентуалниот реванш со АЕК во Скопје, ракометарите на Алкалоид не дозволуваат ништо да ги одвлече од фокусот на домашната сцена. Избраниците на Кире Лазаров остварија нова сигурна победа, овојпат на гостувањето кај Тиквеш во Кавадарци, каде што славеа со 24-27.

Скопскиот тим уште од самиот старт го наметна своето темпо, отворајќи со водство од 2-5. Иако домаќините во еден момент успеаја да се вратат и да израмнат на 11-11, токму тогаш Алкалоид вклучи во повисока брзина и до полувремето направи клучна серија со која замина на пауза со солидна предност (11-17).

 

 

Back to top button
Close