Алкантара останува во Баерн

Играчот од средниот ред Тијагo Алкантара нема да го напушти Баерн, изјави трeнерот Ханс-Дитер Флик.

На прашањето дали ова беше последниот натпревар во составот на Минхен за шпанскиот фудбалер, Флик одговори негативно.

– Не, тој ми рече дека останува, вели Флик во изјава за веб страницата на УЕФА.

Во сезоната 2019/20, Тијаго одигра 39 натпревари за Баерн, постигна три гола и две асистенции.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 48 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close