Алкараз за неговата повреда: Мојот глужд е во ред, но сè уште играм со малку страв

Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, одговори на прашање за неговото закрепнување од повреда на глуждот.

 

На крајот на септември, 22-годишниот Шпанец се повлече од Мастерсот во Шангај поради повреда.

– Мојот глужд е во ред, заздравува во нормални граници. Беше истегнување од втор степен. Без многу одмор, закрепнувањето секогаш трае подолго. Можеби сè уште играм, не со непријатност, туку со малку страв. Потребно е време за да се надмине тоа, изјави Алкараз за „Марка“.

Вечер од 18:30 часот Алкараз ќе игра против Американецот Тејлор Фриц во полуфиналето на егзибицискиот турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close