Алкохолот од САД ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио

Алкохолот од САД ќе биде повлечен од продавниците во канадската провинција Онтарио почнувајќи од вторник како одговор на американскиот претседател Доналд Трамп кој воведе царина од 25 отсто за увоз на производи од Канада, објави премиерот на покраината Даг Форд.

Форд на платформата X објави дека одборот за контрола на алкохол во Онтарио (LCBO) добил наредба да преземе мерки како одговор на наметнувањето американски царини за канадски стоки.

Тој потсети дека досега, Канада бележи продажба на алкохолни пијалоци од САД во вредност од речиси милијарда долари секоја година.
LCBO, исто така, ќе ги отстрани американските производи од својот каталог, така што другите ресторани и трговци на мало во Онтарио не можат да ги нарачаат тие производи, рече Форд.

Back to top button
Close