Алмирон нов тренер на Бока Јуниорс

Аргентинскиот фудбалски гигант Бока Јуниорс го назначи за свој нов тренер 51-годишниот Хорхе Алмирон.

Аргентинскиот стратег на клупата на еден од најпознатите јужноамерикански клубови доаѓа на местото на Уго Ибара, кој на крајот на минатиот месец доби отказ.

„Среќен сум и благодарен за укажаната можност. Ги запознав играчите, а, исто така, возбуден сум што ќе ги запознаам и навивачите. На ова место барањата се многу високи. Како тренер ми беше сон да бидам тука, се надевам дека ќе ја подобрам екипата, играта и оти фудбалерите ќе се чувствуваат добро“, рече Алмирон.

Аргентинскиот тренер поголем дел од својата кариера како играч ја мина во Мексико, а во мексиканската лига и го почна својот тренерски пат, кој водеше низ аргентински клубови, вклучувајќи го Ланус, со кого во 2017 година стигна до финалето на Копа Либертадорес.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close