Алсат: Четири тужби за пожарот во модуларната болница во Тетово

Основното обвинителство во Тетово, како што дознава Алсат, ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице за пожарот во модуларната болница. Предметот се очекува следната недела да биде доставен до Судот во Тетово.

„Обвинителите на предметот реферираа до Републичкото обвинителство и предметот е при крај. Во текот на наредната недела се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово на понатамошна постапка. По завршувањето на истрагата ќе биде поднесена пријава против три физички и едно правно лице“, наведуваат од републичкото обвинителство.

Во текот на предистражната постапка над 30 лекари и медицински сестри кои кобната ноќ беа ангажирани во ковид центарот во Тетово беа повикани да дадат исказ. Беа собрани и сведоштва од очевидци и од членови на семејствата. Во истрагата беа вклучени и германски експерти, чиј извештај пристигна пред три месеци. На 8 септември минатата година, модуларната болница во Тетово, каде што во тој момент имало 26 пациенти, беше претворена во пепел.

Животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и две лица кои се грижеле за некои од своите блиски. По трагедијата, тогашниот министер за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани понудија оставки, но поранешниот премиер Зоран Заев не им ги прифати. Оставки поднесоа генералниот директор на тетовска болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.

Back to top button
Close