Алта банка од Белград најави дека ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола


Стигна нова потврда за можно преземање на Стопанска банка Битола од страна на Алта Груп ДОО Београд.

Српската Алта банка најави дека има намера да даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола која пак за оваа чувствителна информација ја извести Берзата преку транспарентна објава.

Најнова потврда во врска со можното преземање на Стопанска банка е податокот дека до Комисијата за заштита на конкуренцијата пристигнало известување за концентрација со која Алта Груп ДОО Београд ќе стекне контрола над Стопанска банка Битола.

За учесниците во концентрацијата и нивни деловни активности се наведува дека српската групација е со претежна дејност друго монетарно посредување и не остварува приход во Македонија.

А, битолската банка е една од регионалните комерцијални банки на македонскиот пазар со долга историја на деловна активност и силно присуство во областа на финансиските услуги.

Back to top button
Close