Алтернатива ја истиснува Беса од власта

Генералниот секретар на движењето Беса, Аријанит Хоџа преку домашни и странски фактори бара да се повлече од иницијативата за гласање на недоверба на Владата, брифираат високи извори на СДСМ за Фокус..

Според истите извори, Хоџа се обидувал да ги релативизира односите со СДСМ, знаејќи дека „Алтернатива“ е на момент од одлука за влез во Влада.

„Алтернатива“ на чело со Африм Гаши вчера најави дека ќе гласаат за недовеба на владата, но порачаа дека нема да бидат дел од влада која е против евроатлантските интеграции на земјава. Хоџа беше прв од Беса која е дел од владината коалиција, кој почна да преговара со опозициските партии за ново мнозинство откако ДИК донесе одлука да се прегласува во Желино одлучувајќи по приговор на ДУИ.

Таму со неколку гласа повеќе победи кандидатот на Беса и тоа беше повод опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица зедно со Беса да се здружат и да бараат гласање на недоверба на владата.

Back to top button
Close