Алтернатива го поддржува францускиот предлог и повикува на државна кохезија


Политичката партија Алтернатива го поздравува и го поддржува вториот француски предлог, кој претставува поволна рамка, со која за Република Северна Македонија се отвора можноста за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и, притоа, повикува за општествена и државна кохезија околу овој предлог.

„Всушност, ние сме убедени дека овој предлог е најдобриот досега, со кој Северна
Македонија добива европска перспектива без никаква опасност кон етничкиот идентитет на
Македонците и на македонскиот јазик.
Затоа ние ги повикуваме сите политички партии во нашата земја да го сфатат најсериозно овој
предлог и да не дозволат за скромни политички поени да загрозат историска шанса која е цел на
повеќе генерации. Освен политичкиот спектар, овој предлог треба да ужива поддршка и од
другите структури на општеството, бидејќи ваквото решение придонесува за посветла иднина на
целото општество“, се вели во соопштението од Алтернатива.
Како партија која пред шест месеци се приклучи кон ова мнозинство и на оваа влада со политички
договор, во кој прва точка беше европската интеграција, Алтернатива смета дека сега и
најголемите скептици и критичари треба да сфатат дека сме ја донеле најдобрата одлука, со што
и дадовме шанса на европската перспектива на земјата, истовремено помогнавме, и како
држава и како народ да влеземе во европскиот колосек.

„Понекогаш не е важно колку си голем, туку какви големи одлуки носиш. Алтернатива во тоа време направи голем подвиг, а тоа денес е реалност, која со својот чекор овозможи да се отвори европскиот пат за две држави и за повеќе народи на Западен Балкан“,

додаваат од Алтернатива.

Back to top button
Close