Алтернатива нема да биде дел од оваа власт, но сепак изборот е на Гаши, смета Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утринава во гостување на „Утрински брифинг“ изјави дека смета дека Алтернатива нема да биде дел од оваа власт, информирајќи дека бил во постојана комуникација со Гаши.

-Секојдневно комуницирам со Гаши. Немам дилема, но сепак друго е до неговиот избор. Последно е дека Гаши е во коалиција со Села, која беше формирана во рамките на последните парламентарни избори и локалните сега. Советникот на Гаши во советот на Град Скопје го поддржа новиот претседавач, Трајко Славески. Имаме коректни односи, кажа Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“.

Back to top button
Close