Алтернатива за случајот „Жан Митрев“: Подготвени сме да дадеме отчет за секоја тема од здравствениот сектор со кој управуваме преку министерот Сали


Поддржувајќи го министерот за здравство Беким Сали, партијата го повика Јавното обвинителство на детална истрага во врска со обелоденување на случајот „Жан Митрев“ и откривање на вистината, а доколку се констатира вина за кого било, треба да има и одговорност пред органите на правдата

Коментирајќи го случајот „Жан Митрев“, политичката партија Алтернатива денеска преку соопштение истакана дека е подготвена да даде отчет за секоја тема што ќе ја постави јавноста, а која произлегува од здравствениот сектор со кој партијата управува преку министерот за здравство Беким Сали.

Ова, како што додаваат од Алтернатива, важи и за сите други институции со кои управува партијата, поради тоа што во земјата не смее да има недопирливи, а доколку се констатира вина, треба да има и одговорност.

„По објавување на емисијата „Нечиста крв“, од ИРЛ, во која се изнесуваат компромитирачки податоци за приватната болница „Жан Митрев“ во текот на пандемијата (во 2020/2021 год.), Алтернатива е тука да се произнесе јавно дека ја поддржува работата на својот министер за здравство Беким Сали, и ги повикува надлежните органи да го обелоденат случајот. Д-р Беким Сали е министер за здравство од почетокот на 2022 година и тој е периодот за кој тој зборува со потполна одговорност“, се наведува во соопштението од партијата.

Поддржувајќи го министерот за здравство, партијата го повика Јавното обвинителство на детална истрага во врска со обелоденување на случајот и откривање на вистината, а доколку се констатира вина за кого било, треба да има и одговорност пред органите на правдата.

„Ние неколку пати сме повториле дека нашата работа е заснована на транспарентност, одговорност и правда, па затоа – убедени дека стоиме силно над овие вредности – бараме дејствување на правдата и доколку за некој се утврди одговорност, да има и отчет“, додаваат од Алтернатива.

Претходно, истиот став го произнесе и самииот министер за здравство, Беким Сали, кој по објавувањето на документарецот „Нечиста крв“ на ИРЛ за случајот „Жан Митрев“, кажа дека во земјава нема недопирливи, а одговорност, доколку се утврди, ќе има.

Back to top button
Close