Алвеш (38): Би бил sвезда во овој Милан

 Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш е убеден дека не би било проблем да игра во сегашниот Милан.

Бразилецот е во својата 38-ма година од животот и е во сопственост на Сао Паоло.

– Јас би бил свезда во денешниот Милан. Возраста е само број и сè уште сакам да се борам, да играм фудбал. Порано трчав 12 километри на натпревар, но беше разумно да трчам 8. Сигурен сум во една работа: не сакам да се срамам од фактот дека сум на теренот. Кога веќе не можам да играм, ќе заминам, за да ја завршам кариерата,вели Алвеш за „Hoy No Se Sale“.

Back to top button
Close