Алвеш: Нејмар може да и помогне на Барса да стане гигант во Ла Лига и во Европа

Поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, зборуваше за напаѓачот на Пари Сен-Жермен, кој играше за каталонскиот клуб.

– Единствениот што се обидов да го убедам беше Нејмар во случај на трансфер во Барселона. Тој имаше многу голема понуда од Реал Мадрид, и реков дека ако сака да биде среќен, нека оди во Барса. Ова е единствениот пат кога убедував некого за нешто, изјави Алвеш.

Дали тој направи грешка со преселбата во ПСЖ? Никогаш не мислам дека луѓето прават грешки кога донесуваат одлуки. Секој знае дека Нејмар може да им помогне на Барса, Меси и клубот повторно да станат гигант во Ла Лига, Европа, потенцира Бразилецот.

– Во тимот има 11 играчи, со Меси има 13. Слично е со Нејмар, таму каде што е тој, тимот како да има 13, додаде Алвеш.

Нејмар во 2017 година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Back to top button
Close