Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој неколку недели ќе биде надвор од терените поради повреда на десниот скочен зглоб, изјави дека процесот на опоравување се одвива според планот и дека „ќе се врати уште посилен“.

-Во процес на опоравување сум и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било, вели шпанскиот напаѓач во видеото кое Барселона го објави на својот профил на мрежата „Х“.

Јамал (17), кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1:0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.

-Тоа е несреќен случај, тоа е поради ударот што го добив во глуждот, тоа се работи што се случуваат, тоа може да му се случи на секого, истакна Јамал.

Тинејџерот ​​важи за клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари постигна шест гола и 12 асистенции.

Барселона е без победа на последните три натпревари во шпанското првенство и моментално е на третото место со 38 бодови. Атлетико Мадрид е на првото место во Примера со 41 бод, додека Реал Мадрид е втор со бод помалку. Мадридските клубови имаат натпревар помалку од Барселона.

Првиот натпревар во новата година Барселона ќе го одигра на 4 јануари кога и гостува на Барбастра од четвртата лига во осминафиналето на Купот на кралот. Каталонскиот клуб потоа патува за Саудиска Арабија, каде ги очекува Суперкупот на Шпанија и полуфиналето против Атлетик Билбао. Во второто полуфинале играат Реал Мадрид и Мајорка.

Back to top button
Close