Јамал предизвика скандал и остри критики: Ангажирал џуџиња за роденден како “атракција” , најавена тужба
Во неделата, Ламине Јамал организираше гламурозна прослава по повод 18-тиот роденден на Ибица, но и покрај одредени ограничувања, таа не можеше да помине без скандал.
Иако употребата на мобилни телефони беше забранета со строги мерки за спречување на фотографирање, протекоа информации за неочекувано дополнување на програмата.
Имено, на забавата присуствуваа лица со џуџест раст, ангажирани исклучиво заради забава.
По овој повод, здружението ADEE, кое ги застапува правата на луѓето со ахондроплазија и слични состојби, се огласи, остро осудувајќи го потегот на Јамал.
Тие изразија загриженост за користењето на овие лица како „живи атракции“ на приватна забава, наведувајќи дека таквото однесување е неприфатливо во 21 век.
ADEE ја објави можноста за правни и социјални мерки насочени кон заштита на достоинството на лицето со попреченост, нагласувајќи дека целиот случај е во спротивност со правните норми и основните принципи на еднаквост и почитување.
Ламин Јамал сè уште не се изјаснил за обвинувањата, а неговиот клуб Барселона исто така не издаде официјално соопштение.