Амандманот 5 не е предмет на пазар, туку е цивилизациска придобивка на либерална демократија, и секој обид за негово поништување е директен чекор кон политичка дестабилизација

Бидејќи, ОРД е конститутивната супстанца на државата и потребен ни е точен и прецизен однос кон дрската реактуелизацијата на затворените прашања! Со др.зборови, за јазиците и контекстот на нивната очигледна злоупотреба мора да се зборува со политиколошка прецизност и без деструктивни еуфемизми.

Прво, Охридскиот рамковен договор (ОРД) не е само историски компромис; туку, тој е нашата реална конституција и иманентен услов за политичкиот опстанок на државата.

Оттука, секој обид за негово релативизирање претставува директен атак врз државната кохезија!

Во таа смисла, сакам да нагласам дека, како демократка, цврсто стојам на позицијата за оправданоста и за потребата од негувањето на автентичниот мултикултурализам како општествен модел , и особено на нормативниот мултикултурализам, гарантиран во Уставот, исто така!

Токму затоа, чувствувам и должност да алармирам дека сум сериозно загрижена од упорните обиди на одредени ретроградни субјекти за тенденциозно деструктуирање на ОРД.

И, ова не е само политичка дебата, туку опасна инструментализација на Уставот!

Безобзирна и субверзивна.

Очигледна имено е тенденцијата за институционална ерозија преку заобиколување на Амандманот 5. При што, недозволиво е Уставниот суд, наместо да биде врховен филтер на законитоста, намерно да го маргинализира амандманот 5– темелниот столб на јазичната еднаквост. Оваа деградација на правото се одвива преку две перфидни стратегии:

1. Политичко тактизирање и „процедурален лимбо“: со свесното оддолжување на одлуките, се креира правен вакуум кој служи како полигон за политички манипулации со најчувствителните идентитетски прашања. (20те %)

2. Технократски формализам наспроти уставната суштина: наместо Судот да го штити духот на Уставот, тој се засолнува зад банални технички прашања, свесно игнорирајќи го Амандманот 5 како нераскинлив дел од нашиот вредносен поредок ( сејф сити).

Но, ова некако не може туку така да се гледа изолирано и вон контекст, бидејќи очигледно дека постои координирана деструкција на поредокот низ повеќе пунктови на формална моќ!

Или, овие феномени не се изолирани инциденти, туку симптоми на поширока, опасна координација.

А таа кординација се разоткрива преку наивната реториката и практика на министерот Филков, насочена кон дерогирање на Бадентеровиот принцип (прво со интервјуто во Фокус, сега со полагањето испити), во корелација со административните блокади на процесите кои произлегуваат од ОРД.

Ова е уште една надсинхронизирана балетска претсава што требало да биде Лебедово Езеро, но, во главна улога не на Бел, туку е Црни Лабуд!

Накратко,

Луѓето кои во моментов управуваат со институциите очигледно решиле да “играат со оган”.

Зошто ? Бидејќи тие го предизвикуваат поредокот во неговата најчувствителна точка, заборавајќи дека токму Рамковната Позиција за соживот е гарантот за внатрешната стабилност!

И, додека одредени политички актери зад сцената тргуваат и поминуваат на границите, и се договараат со оние кои го уриваат овој систем, знам дека овде има луѓе кои остануваат суштински посветени на одбраната на државноста и уставниот интегритет.

Не сме малку.

Поради тоа што, амандманот 5 не е предмет на пазар, туку е цивилизациска придобивка на либерална демократија, и секој обид за негово поништување е директен чекор кон политичка дестабилизација.

Ана Чупеска

 

Back to top button
Close