Аматерски долгометражен филм снимен во време на пандемија

Општина Куманово поддржувач на културата во време на пандемија

Вонредните услови кои ги наложи пандемијата повеќе од сигурно се рефлектираа и врз културата и културните случувања. Планот и програмата кои беа поставени во календарот за културни случувања и активности оваа година претрпе повеќе промени, но неизбежна беше алокацијата на средства во фонд за борба со пандемијата. Како резултат на намалените финансиски средства многу голем дел од проектите требаше да бидат одложени за други подобри времиња. 

И покрај моменталната состојба младиот Николај Павловски започнува едно патешествие на снимање на аматерски 150 минутен филм насловен „Приказ“. Николај Павловски, млад студент кој студира во Русија и има многу успешни проекти зад себе, во партнерство со Марко Јовановски презедоа сериозен подвиг на снимање на долгометражен филм во вонредни услови на пандемија со ограничувања, дозволи и мерки на претпазливост кои направија искуството да биде уште поспецифично. Снимано е на повеќе локации низ Куманово, Крива Паланка, Охрид и Струга и во околините на овие градови. На барање на режисерите, филмската клапа е составена од 20 глумци од различни етникуми, и дополнување од уште 20 лица во продукција. Филмот во себе има своја филмска авторска музика која ја направи Јован Цветковиќ и авторски песни чиј автор е Јаков Мициќ познат под уметничкото име Керала. „Приказ“ е психолошки трилер драма кој се случува во време на пандемија, актуелна тема која се реализира во  како и се снима токму сега, со многу отежнати услови- изјавија од клапата.

За изработка на филмот, Николај аплицирал за финансиска поддршка во Министерство за Култура и Општина Куманово. Поддршката од Министерство е одбиена, но од Општина Куманово и градоначалникот Максим Димитриевски е добиено позитивен одговор. Општината и градоначалникот излегоа во пресрет на барањето и одобрија финансиска помош, обезбедија одредени простории за снимање како и реквизити. 

„Општина Куманово, но и јас лично верувам дека треба да се поддржат и поттикнат младите лица, ентузијасти, уметници. Само така може да се негува креативноста и културата. Стојам зад младината која сака да твори и придонесе за нашата општина, но и за целокупното општество, кои творат за подобар и поубав живот“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.   

Back to top button
Close