Амбасадата на САД донираше лаптопи за истражниот центар на ОЈО

 

 

Претставници на Амбасадата на САД во Скопје, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и за спроведување на законите (ИНЛ) при Стејт Департментот донираа лаптопи на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Донацијата е наменета за потребите на истражниот центар во обвинителството и олеснување на неговата работа на терен во време на пандемијата со ковид-19.

Обвинителката Вилма Русковска заблагодарувајќи сè за донацијата истакна:

„Потребата од нови современи технолошки помагала за спроведување на истражни дејствија е секогаш потребна, особено ако се има предвид дека обвинителството треба да биде неколку чекори пред лицата кои ги гони. Убедена сум дека истражителите и обвинителите максимално ќе го искористат бенефитот од добиената опрема и ефикасно и ефективно ќе ги спроведуваат своите надлежности во прогонот на организираниот криминал и корупцијата“,порача Русковска

Back to top button
Close