Амбасадата на САД го осуди нападот врз Беким Асани и побара насилниците да се казнат

Амбасадата на САД во Скопје го осуди нападот кој пред два дена беше извршен врз ЛГБТИ-активистот Беким Асани и повика институциите да ги изведат насилниците пред лицето на правдата.

-Го осудуваме нападот врз ЛГБТИ-активистот Беким Асани вчера и ги повикуваме институциите да истражат и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Членовите на ЛГБТИ заедницата имаат право на еднакви права и заштита според закон-порачаа од амбасада на САД преку нивниот официјален профил на Твитер.

Асани кој е претседател на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово, во близина на канцеларијата на организацијата пред два дена физички бил нападнат од две лица.

Полицијата го регистрирала нападот, а Асани иако е повреден се чувствува добро.

Тој и минатата година беше физички нападнат во Сарај, веднаш по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје.

Back to top button
Close