Амбасадата на САД во Ирак нападната

Американската амбасада во Багдад утрово беше таргетирана од беспилотно летало, како што потврди неименуван ирачки безбедносен функционер.
Ирачките системи за воздушна одбрана успеаја да го неутрализираат дронот, кој имал намера да ја погоди американската дипломатска мисија, сместена во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. Видлив чад се издигнуваше над комплексот на Амбасадата на САД.
Овој инцидент следи по низа напади насочени кон една проиранска вооружена група во Ирак, при што беа убиени двајца нејзини борци.
Извор: fokus.mk






