Амбасадата на САД во Приштина ги повика сите партии да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд

Во синоќешното соопштението на Амабсадата се бара од сите косовски лидери да работат заеднички „за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово“.
– Соединетите Американски Држави ги повикуваат сите институциии политички партии да ја спроведат денешната и сите други одлуки на Уставниот суд на Косово. Ние бараме од сите лидери да работат заедно за редовна транзиција во интерес на мирот, стабилноста и просперитетот на сите граѓани на Косово, се вели во соопштението на дипломатското претставништво на Вашингтон во Приштина.