Амбасадата на Шведска организира настан „Шведска во Градскиот парк“

-Програмата вклучува разновидни активности, и за возрасните и за децата, поделени во пет тематски катчиња: демократија, родова еднаквост, животна средина, култура и безбедност во сообраќајот, кои соодветствуваат на приоритетните тематски области на кои работи Шведска, информираат од Амбасадата.

Предвидени се и работилници за реупотреба и рециклирање на отпад, ќе се игра подната игра „Елекшнвил“, предвидени се и кратки дискусии насловени „Ајде да зборуваме за…“ отпадот, родовата еднаквост и улогата на татковците, за младинското учество, кои се отворени за сите посетители, а во катчето за култура ќе се играат шведски друштвени игри, шведска музика, и танци кои се типични за шведскиот празник со кој се слави летото – „Мидсомар“.

Посетителите ќе можат да ја погледнат изложбата „Ре:Отпад“, како и изложбата „Македонски татковци“ која е сочинета од фотографии кои татковци од повеќе места во земјата ги испратија на наградниот фото конкурс на Амбасадата, а посетителите ќе можат да гласаат за најдобрата фотографија, при што врз основа на гласањето, три фотографии ќе бидат наградени.

На крајот на програмата, вечерва  ќе биде прикажан филмот „Велосипеди Vs Автомобили“.

Back to top button
Close