Амбасадата на Турција во Атина бара екстрадиција на турските војници кои добија азил во Грција

 Веќе четири години чекаме екстрадиција од Грција на осумте поранешни воени лица, напишаа денеска на социјалните мрежи од  турската амбасада во Атина, во однос на турските војници кои по неуспешниот обид за пуч во Турција на 15 јули 2016 година пребегаа во Грција, побараа и добија азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Од турската амбасада додаваат дека мора да има правда и тоа што е можно поскоро.

Back to top button
Close