Aмбасадорката на Канада, по повод Денот на Канада: Благодарни сме на нашите пријатели од Македонија, Србија и од Црна Гор

Денот на Канада е различен оваа година. Можеби држиме дистанца, но тоа не нè спречува да бидеме горди на Канада и благодарни на сите наши пријатели и партнери во Србија, Северна Македонија и Црна Гора, рече амбасадорката Кати Чаба по повод денешниот Национален ден на Канада.

Пред точно 153 години на 1 јули 1867 година беше потпишан актот за нејзиниот Устав. Канада како втора најголема територија во светот е земја која се гордее со своите достигнувања и чие општество е промотор на толеранцијата, почитување на различностите, човековите права, слободата, мултикултурализамот, инклузивноста, екологијата, родовата и еднаквостите по сите основи. Оваа година заради пандемијата Канада го слави својот 153-ти роденден со импозантет виртуелен настан.

Амбасадата и амбасадорката на Канада, Кати Чаба за Србија, Северна Македонија и Црна Гора, изготвија видео материјал за Националниот ден на Канада.

Back to top button
Close