Амбасадорот на Австрија во ЕУ поднесе оставка поради „сексуално експлицитни содржини“
Амбасадорот на Австрија во Европската унија, Томас Оберрајтер, поднесе оставка од функцијата поради обвинувања дека со години анонимно објавувал содржини на „сексуално експлицитен“ блог.
„Амбасадорот побара да биде разрешен од должноста од приватни причини. Министерката Беате Мајнл-Рајзингер го прифати тоа барање“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Австрија.
Се додава дека Мајнл-Рајзингер дознала за обвинувањата против Оберрајтер во саботата и дека проблемот бил „сеопфатно разгледан“.