Џамбаски: Охрид е бугарска престолнина, никој не може да го негира тоа

 

Охрид е бугарска престолнина, никој не може да го негира тоа, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, чија партија ВМРО е дел од бугарската влада, во интервју за Радио Слободна Европа. Џамбаски во интервјуто исто така обвини дека македонски државјанин со бугарски идентитет е казнет пред неколку дена за објавување фотографии од бугарски цркви во Охрид и прикажување на нивните мурали.

-До ветото добивме можност да го заштитиме правото на луѓето со македонско државјанство да се самоидентификуваат како Бугари. Овие луѓе се угнетувани. Преку инструментот за членство во ЕУ, мора да се согласиме за минимален стандард за почитување на нивните права во Македонија. Постојат стотици илјади такви луѓе. Јас ги познавам повеќето. Владата на Република Македонија во моментов драстично го крши нивното право на самоопределување. Луѓето кои се легитимираат како Бугари се повикувани во единиците на ДБК – ова е Одделот за државна безбедност и контраразузнавање, кој ги угнетува овие луѓе поради објави на социјалните мрежи. Македонски државјанин со бугарски идентитет е казнет пред неколку дена за објавување фотографии од бугарски цркви во Охрид и прикажување на нивните мурали. Тие се такви. Охрид е бугарска престолнина, никој не може да го негира тоа. Неодамна, бугарските граѓани беа запрени и затоа што нивните автомобили имаат бугарски регистарски броеви и повеќе од 72 лица беа приведени во Струмица – изјави Џамбаски.

Додека го даваше интервјуто зад него стоеше врамена стилизирана карта на Санстефанска Бугарија, која ги опфаќа цела Македонија, делови од јужна Србија и Косово и мал дел од Албанија.

Back to top button
Close