Џамбаски: Секој чекор во корист на скопските Македонисти ќе биде казнет

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека бугарскиот премиер Кирил Петков се повлекува од бугарските национални интереси во спорот со Македонија.

Европратеникот, денешното интервју на Петков за бугарски медиум го нарече „срамно“. Кирил Петков отворено ја кажа својата подготвеност да се повлече од бугарскиот национален интерес.

– Мора да си многу „различен“ за да веруваш дека некој друг ќе ги брани правата на бугарите во Македонија. Овој човек уште еднаш покажа дека нема поим што е национален интерес. Се надевам на сите им стана јасно дека е марионета, спуштена да извршува одредени задачи. Една од нив е да се изврши национално предавство и да се попушти пред македонската антибугарска политика. Не знам дали е свесен премиерот, но неодамнешните изјави и постапки на властите во скопје не се разликуваат од можните постапки на таканаречените националисти, објави Џамбаски.

Back to top button
Close