Амди Бајрам жртва на фејк њуз – не починал како што се пишува на Твитер
Лажните вести поврзани со изборите не запираат на социјалните мрежи ниту за време на изборниот ден.
Денеска на Твитер кружи информација дека починал Амди Бајрам, долгогодишен пратеник и лидер на политичка партија.
„360 степени“ стапи во контакт со Бајрам, кој рекол дека веќе неколкумина му се јавиле и го прашале за здравствената состојба.
„Во полно здравје сум, работам во Шуто Оризари“, изјави Бајрам за „360 степени“.