Америка изврши десетици воздушни напади во Сирија: „Не смееме да дозволиме ИСИС да ја искористи ситуацијата

Централната команда на САД соопшти дека нејзините сили денеска извршиле десетици воздушни напади врз цели на Исламската држава во централна Сирија.

Во соопштението, ЦЕНТКОМ наведува дека неговите напади имаат за цел да обезбедат Исламска држава да не ја искористи моменталната ситуација во Сирија.

„Во тек е проценка на штетата од битката и нема индиции за цивилни жртви“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ објавено на Х.

„Не треба да има сомнеж – нема да дозволиме ИСИС повторно да се воспостави и да ја искористи моменталната ситуација во Сирија“, рече генералот Мајкл Ерик Курила.

„Сите организации во Сирија треба да знаат дека ќе ги повикаме на одговорност доколку на кој било начин се партнери или го поддржуваат ИСИС“, додаде Курила.

Back to top button
Close