Америка по инаугурацијата: Може ли Бајден да ги залечи раните

Гласот на Америка, Вашингтон

Во деновите по инаугурацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, попуштаат обемните безбедносни мерки, припадниците на Националната гарда се повлекуваат од градските улици, се отвораат метални огради со кои беа обезбеден Капитол Хил, како и станиците во метрото.

На денот на кој беше објавено поништувањето на мерките за итни случаи најавени пред и за време на инаугурацијата, се чини дека обичното секојдневие е веднаш зад аголот, пишува Гласот на Америка.

Ен, жителка на Вашингтон во последните три децении, сончевото утро го користи да шета по делумно деблокираните централни улици на американската престолнина.

Исто така, таа не се двоумеше да размени збор два со некои од 25.000 припадници на Националната гарда, ангажирани во обезбедувањето на Вашингтон, кои се уште не се повлечени од областа на комплексот Капитол Хил.

Таа зграда, пред повеќе од две недели, беше цел на насилен упад од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.

-Чувствувам дека сега се е полесно – но од друга страна, јас сум свесна за сериозноста на предизвиците што треба да се решат, изјави за Гласот на Америка жителката на американската престолнина, додавајќи дека е задоволна што новата администрација има план да се бори против пандемијата на коронавирусто.

„Се разбира, тој план треба да биде подетален и сигурно ќе се подобри, но тоа е најзначајниот предизвик во моментот. Затоа што доколку не успееме во тоа – се друго паѓа во вода. Ме радува и тоа што се вративме на Парискиот договор за климата, тоа не е прашање што има врска само со САД, тоа стана светска тема, изјави жителката на главниот град која вели дека следела бројни претседателски инаугурации .

Нејзиниот ентузијазам не го дели ниту еден, како што ни рече, од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Рој Вендел, кој живее во Западна Вирџинија, е загрижен за заострените безбедносни мерки во градот.

Back to top button
Close