Американците без Џејмс и Дејвис на ОИ во Токио

Ѕвездите на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, нема да настапат за американската кошаркарска репрезентација на Олимписките игри во Токио, јавија денеска локалните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до двајцата играчи

Џејмс во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата пропушти дури 27 натпревари поради повреда на глуждот, додека Дејвис отсуствуваше од теренот на 36 натпревари поради повреди на потколеницата и проблеми со Ахиловата тетива.

Американскиот селектор Грег Попович би можел да остане и без кошаркарот на Голден Стејт, Стивен Кари, чии шанси за настап во олимпискиот тим на Игрите во Токио се 50-50.

Back to top button
Close