Американецот со албанско потекло кој го придружуваше Мицкоски, сега го промовира Таравари

Илир Руси, Американецот со албанско потекло од Дебар, познат по своето влијание кај американските политичари и конгресмени, пред извесно време го придружуваше премиерот Христијан Мицкоски за време на неговата посета во САД, пишува Пресонлајн.

Но сега, Руси се појави во друштво на Арбен Таравари, на средба со републиканската конгресменка Никол Малиотакис – позната поддржувачка на албанските прашања во Њујорк. На оваа средба присуствуваше и градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани.

Оваа посета во САД, каде Арбен Таравари добива поддршка од влијателни фигури во американската политика, се очекува да има значително влијание за политичкиот субјект Алијанса за Албанците на претстојните локални избори.

Извор: pressonline.al

Back to top button
Close