Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана
Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемени безбедносни закани во регионот, изјавија денеска ирачки безбедносен службеник и американски извор за американски медиуми.
Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, изјави претходно денеска, осврнувајќи се на разговорите со САД за нуклеарната програма на Иран, дека „некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако разговорите не бидат успешни“.
„Доколку ни се наметне конфликт, сите американски бази се во наш дострел и ние ќе ги таргетираме во соодветните земји“, рече Насирзаде.