Американската амбасадорка Брнс му честита на Заев за мандатот за формирање влада

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнс, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, му го честиташе мандатот за состав на нова Влада, кој претходно му го додели претседателот на државата, Стево Пендаровски.

„Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање Влада на Северна Македонија и очекуваме да сорабоуваме со новата владакога ќе биде формирана. Како нова членка на НАТО ја поддржуваме посветеноста на земјата кон демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина“,напиша Брнс на Твитер

Back to top button
Close