Американската трговска комора во Бугарија му честиташе на премиерот Бојко Борисов за политичката стабилност

Претседателот на Американската трговска комора во Бугарија, Оливие Маркет, денеска на средбата со премиерот Бојко Борисов го пофали дека со завршувањето на неговиот мандат на Бугарија и обезбедил политичка стабилност, што е многу важно за деловната заедница, јави дописникот на МИА од Софија.

Маркет посебно го истакна стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, развиено во последниве години, и ја истакна посетата на премиерот Борисов на Белата куќа во 2019 година. Претседателот на Американската трговска комора истакна дека е направено многу за креирање бизнис во Бугарија и верува дека тоа ќе продолжи.

Од своја страна, премиерот Бојко Борисов рече дека трговијата меѓу Бугарија и САД надмина милијарда долари во 2020 година. Според него, трговијата меѓу Бугарија и САД минатата година се зголемила за 7,5 отсто во споредба со 2019 година и достигнала речиси 1,1  милијарда долари.

-Нашите трговски, економски и финансиски односи се зголемуваат, ​​рече бугарскиот премиер Борисов.

Back to top button
Close