Американската Влада и додели на државава дополнителни 450.000 долари за справување со кризата од Ковид-19

Соединетите Американски Држави преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 450.000 американски долари за поддршка на Северна Македонија во борба против пандемијата на Ковид-19, со тоа достигнувајќи го својот вкупен придонес од 1,5 милиони американски долари.

Во партнерство со Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), како што соопштија од канцеларијата на УСАИД во Скопје, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за поддршка на: координација, планирање, следење, работење и логистика, кризна комуникација и вклучување на заедницата и управување со случаи и спречување и контрола на инфекции во здравствените установи.

– Американската Влада е горда што ја канализира дарежливоста на американскиот народ да се бори против оваа пандемија заедно со нашите сојузници. Преку нашето партнерство со УНИЦЕФ, ќе ги зголемиме итните здравствени, хуманитарни и економски активности од владата, приватниот сектор и невладините организации, како и меѓународната заедница, истакна американската амбасадорка Кејт Брнз.

Во повеќемесечната борба против пандемијата со Ковид-19, дома и во светот, како што се посочува, САД продолжуваат да ја преземаат глобалната одговорност, прераснувајќи низ децении во лидери при пружање здравствената и хуманитарната помош.

Преку великодушноста на американскиот народ, нашата странска помош спасува животи и ги намалува штетите за економијата низ целиот свет. Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано повеќе од 738 милиони американски долари во вкупна помош за Северна Македонија, од кои 11,5 милиони американски долари само како помош за здравството. Поддршката на УСАИД за Северна Македонија за справување со пандемијата е пример за целокупната поддршка на Владата на САД за земјите од целиот свет. Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници се одвоени повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милијарди американски долари хуманитарна помош на глобално ниво. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против Ковид-19, стои во соопштението.

Back to top button
Close