Американски адмирал: Способноста на Иран да ги загрозува соседите е значително намалена


Способноста на Иран да ги загрозува соседите и американските интереси е значително ограничена по американските бомбардирања, при што 90 проценти од иранската одбранбена индустрија е уништена, изјави командантот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер.

Говорејќи пред комисија на американскиот Сенат, Купер ги нагласи тактичките успеси на воената кампања против Иран и оцени дека војната значително ја намалила заканата што Исламската Република ја претставувала за Блискиот Исток. Тој одби директно да ги коментира извештаите на медиумите дека Иран, преку складирање оружје во подземни објекти, задржал значителни капацитети на своите ракетни и беспилотни сили.

– Заканата од Иран е значително намалена и тие повеќе не ги загрозуваат регионалните партнери или САД на начин на кој тоа го правеа претходно, во ниту една сфера – изјави Купер.

Според него, Иран веќе не е во можност да префрла оружје и други ресурси до своите главни регионални сојузници – Хезболах во Либан, Хутите во Јемен и Хамас во Појасот Газа. Адмиралот истакна дека тие маршрути и методи на трансфер сега се целосно прекинати.

Back to top button
Close